fbpx

Неколку одлични причини за веслње во зима

Home / Совети / Неколку одлични причини за веслње во зима
Сподели

За најголемиот дел од љубителите на водените спортови, зимата е период на хибернација. Ладното време и временските услови не се особено поволни за поминување време покрај плажа, езеро или река. Меѓутоа, дали сте знаеле какви се бенефити носи практикувањето на зимски спортови, поточно SUP, во зима?!

веслање

  1. Брановите во зима се поинакви, но ќе ви помогнат подобро да ја совладате техниката на веслање.
    Брановите во зима се поинакви, исто како и струите кои делуваат во овој период од годината. Меѓутоа, тоа не значи нужно дека не смеете да веслате. Напротив, веслањето на вакви бранови ќе ви овозможи да станете вистински професионалец. Ќе научите да се справите со водата во најнеповолните услови.
  2. Ќе научите да користите повеќе сила за веслање
    Веслањето во зима е вистински предизвик за секој веслач. Брановите се посилни, поинакви, а водата е навистина ладна. Само под ваков притисок ќе научите да ја користите енергијата правилно, внимавајќи да не се најдете во студената вода.
  3. Поинакво искуство
    Студеното време и студената вода која ве очекува се вистински тест за вашата љубов кон веслањето! Тестирајте ја вашата волја и рипнете од топлиот кревет, земете ја опремата и упатете се на вашата омилена SUP дестинација!
  4. Вештина Како и секој друг спорт, за да бидете најдобри, потребно е да вежбате постојано. Независно од временските услови или временскиот период. Зимскиот период ќе ја искали вашата вештина на ниво на вистински професионалец! Откако зимата ќе заврши, веслањето во лето за вас ќе биде вистинска игра.

Се уште сметате дека SUP е само летен спорт? Цените на SUP опремата вртоглаво паѓаат во зимскиот период, па можеби токму сега е вистинското време да ја подновите вашата колекција! Во моментов e актуелен новогодишен попуст до 25% на сите кајаци и SUP даски од брендот BIC Sport. За повеќе информации, клик тука.

Related Posts

Leave a Comment

кајакSUP