BIC Sport со помош на најсовремената технологија и надобрите материјали прерасна во светски лидер во спортови на вода. Совршени за професионалци и аматери и сето ова за достапна цена за сите трагачи на возбуда.
Од сега, ви нудиме можност да ја одберете вашата омилена SUP даска или кајак во BIC Sport Македонија. Овде може да најдете се што ви е потребно за незаборавно лето исполнето со моменти за кој што вреди да се живее .
Кајак е мал чамец кој се управува и движи со човечка сила. Најчесто има покриена палуба. Се движи со помош на посебни весла со две лопатки. Кајакот го користеле Ајните, алеутските и ескимските ловци во суб-арктичките подрачја на Североисточна Азија, Северна Америка и Гренланд. Модерните кајаци се прават со различни дизајни за посебни потреби. Во некои делови од светот се сметаат и како кану.
SUP претставува еден од најбрзо растечките спортови во светот. Авантуристички и адреналински спорт, сега достапен и во Македонија. Купување на првата SUP даска е голем предизвик! Купувачите кои се почетници можат лесно да се изгубат во огромниот избор, да избрзаат и да одберат даска која нема да им биде по мерка.