2 причини зошто секогаш да користите SUP јаже

Home / Совети / 2 причини зошто секогаш да користите SUP јаже
Сподели

SUP јажето е дел од стандардната SUP опрема. Тука се мисли на секоја категорија на, без оглед на димензиите, типот или видот на вода. Јажето буквално може да ве спаси од несреќа.

SUP Leash

Доколку временските услови неочекувано се променат. Доколку сте изморени и далеку од брегот, доколку се загубите или било што друго. Со користење на јажето ќе бидете сигурни дека сте поврзани со вашата даска. Како што е познато, таа има пловно својство, па доколку не користите јаже може да одплови од вас доколку биде зафатена и од најмалата водена струја.

Доколку се случи да паднете од вашата SUP даска, најважно е да останете поврзани, не грижете се за веслото или друг дел од опремата. Даската има клучно својство да ве одржи над водата и да ве спаси, а тоа е најважно! Остатокот од опремата ќе можете да го побарате кога ќе бидете на безбедно.

SUP leash

2 круцијални причини за задолжително користење на јажето се:

1.Вашата лична безбедност – ќе бидете поврзани со пловило во случај на несреќа
2. Нуди поголема безбедност и за другите во вашата околина – приврзана за вас таа нема да може да биде однесена од водената струја и да повреди некој во вашата близина. SUP даските се масивни и можат да бидат особено опасни доколку не се под контрола.

Јасно е дека користењето на јажето како опрема е задолжително, па на вас останува само да го одберете моделот соодветен на вашите потреби.

Related Posts

Leave a Comment

SUP-at-airportSUP