fbpx

Што е SUP?(Standup Paddleboarding)

Home / Совети / Што е SUP?(Standup Paddleboarding)
Сподели

SUP претставува акроним од англискиот јазик кој значи Standup Paddleboarding. Слично како и многу други интернационализми ова не би можело да се преведе конкретно на македонски. Меѓутоа, овој термин се користи за спортот на вода кој вклучува даска, со пропорции соодветни да издржи човек(или двајца) во исправена положба, додека движењето се остварува со помош на весло.

SUP

Овој спорт е еден од најбрзо растечките по критериумот на популарност, а тоа се должи на версатилната намена на даските кои им овозможуваат забава и рекреација и на оние кои не поседуваат особени вештини. Имено, SUP даските можат да се користат на мирни води, но и на отворените океански пространства. Можат да се користат за рибарење, практикување јога, талкање по водените површини или јавање на бранови.

SUP

SUP

Овој спорт води потекло, како и сите други спортови кои вклучуваат даска, на Хаваите. Корените на користењето даска за полесно движење по водата се наоѓаат уште од времиња кога истите биле користени за риболов. Во последните две децении даскиите повторно ги реактуелизираа сурф инструкторите и фотографите кои тежнееја да доловат кадри од нивото на водата. Во основа, SUP даските ја имаат формата на своите попопуларни роднини, даските за Surf, меѓутоа со поинакви димензии за да се прилагоди на потребите на оние кои се помалку вешти.

SUP

SUP

Како да започнете да се занимавате со SUP

SUP даските се разликуваат во својот дизајн, материјали, димензии и секако цена. Нормално, поквалитетните даски ќе ве чинат повеќе пари, но ќе понудат и подобри перформанси. Меѓутоа, пожелно е да имате в предвид дека подобро дизајнираната и поскапа опрема е предвидена за понапредните и поискусни корисници. Што ќе значи дека за почеток нема да ви биде потребна најскапата даска.

SUP

SUP

Еве што е препорачливо за почетниците:
Ако воопшто решите да се занимавате со овој спорт, ве советуваме, најпрво да пробате со изнајмена опрема. Онолку пати колку што ќе сметате дека е доволно. Земете час со професионален инструктор. Тој ќе ви открие трикови за полесно да ги совладате вештините на веслањето. Експериментирајте со видот на даските за да препознаете која најмногу ви одговара.

Ако сте заинтересирани за купување на вашата прва SUP даска за наредната сезона, погледнате ја понудата на BIC Sport Macedonia и одберете даска по ваша мерка!

Related Posts

Leave a Comment

Kayaking on a lake, кајакарењеSUP-at-airport