fbpx

Mалку познати, неверојатни дестинации за кајакарење во Македонија

Home / Совети / Mалку познати, неверојатни дестинации за кајакарење во Македонија
Сподели

Нашата земја нуди одлични места за рекреација од секаков вид, а особено можат да се издвојат реките низ кои кајакарење е повеќе од доживување.

Ви нудиме 3 прекрасни локалитети од Пелагонискиот и Вардарскиот регион каде ќе го искусите најдоброто од природните убавини додека го практикувате вашето омилено хоби, кајакарење!

two men kayaking, кајакарење

  • Паликура/Росоман

Ова село кое брои одвај 200 жители е сместено на територијата на општина Росоман. Од главниот град оддалечено нешто повеќе од 85 км или околу еден час возење. Реката која поминува во непосредна близина на селото е Црна Река, од чија вода претходно се снабдева акумулацијата на Тиквешкото езеро, а која подоцна се влева во реката Вардар.

Во делот околу селото реката се одликува со особено бавен и мирен тек. Тоа ги претставува двата основни и идеални критериуми за рекреативно кајакарење. Природата долж текот на реката е извонредна и ќе ви понуди неверојатно и уникатно искуство. Поради нискиот водостој на реката, препорачливо е оваа локација да се посети вон летната сезона.

Men dragging kayak, кајакарење

  • Дихово/Битолско

Селото Дихово се наоѓа во Општина Битола. На само неколку километри од самиот град претставува бисер на руралниот туризам во Македонија. Лоцирано под падините на Баба Планина пружа неверојатен поглед на градот, котлината Пелагонија и врвот Пелистер. Селото е поставено на десниот брег на реката Драгор. Рејата има мирен тек, речиси совршен за рекреативно кајакарење. Поради нискиот водостој на реката, препорачливо е оваа локација да се посети вон летната сезона.

man kayaking, кајакарење

  • Беловодица/Прилепско

Е село на територијата на Општина Прилеп. Лоцирано под превојот Плетвар, на само 17 километри од самиот град. Во близина на селото се наоѓа вливот на Бела Река во реката Раец. Покрај тоа, во истиот реон се наоѓа и езерото кое стана популарно последниот период. Настанато врз ископите на некогаш активниот рудник за мермер. Сѐ на сѐ, ќе имате прилика да видите некои од најубавите природни пејсажи, како и тиркизната боја на езерото која потестува на водите на океаните.

Доколку се уште не поседувате опрема за кајакарење, погледнете го изборот кој Ви го нуди BicSport Macedonia!

Related Posts

Leave a Comment

SUP