fbpx

Корисни совети за off-season веслање

Home / Совети / Корисни совети за off-season веслање
Сподели

Летата секогаш поминуваат најбрзо, посебно кога имаме дополнителна “играчка” и занимација #НаВода. Ретко кој од нас може долго да ги поднесе ладните и врнежливи зимски денови, па желбата и копнежот за сонце, вода и плажа за брзо ни се враќа назад.

Но, самиот факт што надвор е поладно тоа не е причина да заборавиме на нашите “летни играчки” и да не поминеме квалитетно време #НаВода со нашата SUP даска или кајак. Всушност, off-season веслањето и празните плажи можат да овозможат уште поголем мир, тишина и уживање. Некои од пределите се поубави, а во најмала рака поинакви во зимскиот период. Ладното време не е причина да ги пропуштите неверојатните зимски пејзажи и извонредните скриени места до кои се пристапува исклучиво преку вода.

Ако се уште се мислите дали да ги вадите веќе спакуваните SUP даски или кајаци прочитајте ги нашите совети за безбедно веслање на есен и зима, и размислете убаво кога повторно ќе биде вашата следна авантура #НаВода 😊.

Must off-season опрема за веслање

Какви и да се временски услови, безбедноста е секогаш на прво место. Па, ако не ви било вообичаено да носите заштитен елек во летните денови, посебно на SUP даска, истиот во овој период од годината е must опрема. Непријатните временски услови може да ја направат и најмирната вода непредвидлива, оттука и искусните веслачи секогаш со себе носат елек за SUP или кајак.

Како и самите SUP даски и кајаци, така и PFD (Personal Flotation Device) опремата доаѓа во повеќе типови на форми и стилови. Изборот паѓа на вашите лични желби, нивото на искуство, како и на средината во која веслате.

На пример, појасите за спасување, се навистина погодни за веслање со SUP даска, затоа што не го попречуваат движењето при веслањето. Дополнително, содржат и практични џебови во кои можете да складирате свирче, телефон и energy барови. Ако ова не е доволно за вас, можеби не најпрактичен, но секогаш добар избор е заштитниот елек.

Задолжително носете јаже за нога на SUP даска додека веслате. Колку што сакате да не се одвоите од вашата SUP даска додека временските услови се идеални, толку повеќе е важно истото да е врзано за вашата нога кога надвор е ветровито. Освен што јажето ќе ве држи прикачени за вашата даска, истото има улога и на пловно тело.

Есента и зимата не само што носат поладно време, туку и пократки денови. Секогаш е паметно да инвестирате во водоотпорна светилка, со цел подобар преглед на она што е пред вас, а истовремено ќе бидете и повидливи за останатите.

И на крај, водоотпорна ташна или ранец секогаш може да биде многу корисен додаток на вашата тура, посебно во поладни услови. Секогаш ќе сакате да понесете со вас дополнителни парчиња облека за пресоблекување, и други неопходни работи.

Избор на облека за веслање на есен и зима

Правилото за веслањето на зима е: секогаш облечете се согласно температурата на водата, па дури и да не планирате да се натопите воопшто!

Изборот на облека секогаш зависи од тоа што планирате да го направите, но општо правило е секогаш убаво да се облечете. Синтетичка волна во комбинација со перформанс материјали се подобар избор од памук, затоа што ја одбиваат влагата од телото. Волната исто така е добра опција за дополнителна изолација. Долна облека во комбинација со два слоја ќе му овозможат на вашето тело топлина и ќе го максимизираат времето поминато на SUP даска или кајак.

Ова не води до најважниот слој – drysuit. Drysuits ќе овозможат да бидете суви од вратот до прстот на ногата и е must парче кое треба да го поседуваат за веслање во зима. Дополнително, овие одела обезбедуваат и одлична заштита од ветер, па тоа ги прави корисна инвестиција и за останатите сезони.

Гумени (спортски) ракавици се уште едно парче за вашата есенска или зимска SUP или кајак авантура. Истите ќе ви овозможат топлина на дланките додека веслате, и ќе спречат нивно вкочанување.

Заштитата на вашата глава е многу важна! Во зависност од временските услови, вашиот избор може да падне на обична зимска капа, па се до качулка, кацига или гумена качулка која ја покрива целосно главата и има отвор само кај очите.

Дебели волнени чорапи под оделото и гумените спортски чизми се задолжителни со цел да држат топлина и удобност на вашите стапала.

5 Супер важни совети за off-season веслање

Откако ќе ја обезбедите потребната облека и опрема, и ќе одлучите која ќе биде вашата дестинација, има уште 5 важни работи кои мора да ги направите:

  • Кажете некому каде одите. Ако планирате да веслате сам, паметно е да информирате некого за вашите планови. Идеално е да им го кажете целиот ваш план за пловење, кој ја вклучува дестинацијата и времето кое планирате да го поминете #НаВода. Уште подобро би било да не одите сам, туку да понесете некого со вас и да ја споделите убавината на турата.
  • Проверете ја временската прогноза. Не би сакале да бидете изненадени од нивото на водата, силен ветер или бура. Додека временските прогнози на паметните телефони овозможуваат корисни податоци, барометрите и online live – weather радарите ќе ви овозможат уште поголема сигурност.
  • Започнете со веслање затоплени. Wetsuit и барем два слоја на топла облека. Зачувајте ги вашата глава, дланка и стапала суви и имајте спремно топол напиток во вашата водоотпорна торба.
  • Направете double-check на вашата опрема. Проверете дали имате доволно батерии за вашата лампа, телефон и камера. Проверете дали имате доволно храна, напитоци, резервни парчиња облека, ракавици, капа итн.
  • Загрејте се и исушете се убаво по турата. Штом завршите со неверојатната тура, време е за пакување. Ставете ја вашата опрема на автомобилот и погрижете се убаво да ја прицврстите, или убаво соберете во вашиот ранец. Во меѓувреме запалете го вашиот автомобил со цел истиот да биде загреан додека да тргнете. Подгответе ги алиштата за пресоблекување и облечете ги веднаш откако ќе ги соблечете drysuit-от и чизмите. Последно, понесете си термос со чај или топла сума и уживајте во возењето кон вашиот дом.

Складирање на вашиот SUP или кајак за време на зимата

Има неколку работи кои треба да ги имате на ум, посебно ако не успеавме да ве убедиме со текстов и решите да ја одморите вашата опрема до наредната пролет или лето. Советите за складирање на вашата опрема се разликуваат во зависност од тоа дали имате даска или кајак на надувување или имате тврди модели.

Кога е во прашање складирањето на тврдите модели, обезбедите им суви места за да избегнете смрзнување на вода на нивната површина. Гаражи, бараки, и други суви простории се одлични места за истите се додека не паѓа снег во истите за време на зимата.

Rack-ови и држачи за на ѕид се исто така одличен начин за складирање на тврди SUP даски и кајаци. Истите ќе ја намалат можноста опремата да биде оштетена и зачувуваат драгоцен простор.

Кога се во прашање SUP даските и кајаците на надувување, останува на вас дали ќе одлучите да ги складирате надувани или издишани. Доколку ги чувате на топло место, можете да ги завиткате и да ги оставите во ранецот за транспорт. Ако ги чувате во гаража или друга затворена ладна просторија, препорачливо е да не ги завиткате цврсто и оставите така, затоа што може да останат траги од превиткувањето.

Сега откако ги покривме сите неопходни совети и трикови, можете комотно и безбедно да уживате со вашата SUP даска или кајак надвор од стандардната летна сезона. Не дозволувајте ладното време да ве одвои од вашата пасија!

#StaySafe, #BeCool & #KeepDistance 😎

П.С. Кајак или SUP даска се купува off-season. Контактирајте нѐ и дознајте колкав попуст можеме да ви обезбедиме за преостаната опрема од сезона 2020 😉. Погледни го каталогот со редовните цени за 2020 година тука.

Related Posts

Leave a Comment