fbpx

Колку ќе ве чини да ја качите вашата SUP даска во авион?

Home / Совети / Колку ќе ве чини да ја качите вашата SUP даска во авион?
Сподели

Секој љубител на овој спорт се соочува со овој проблем во извесен период. Замислете да успеете да најдете поволно сместување на вашата омилена дестинација од соништата, но до таму морате да патувате со авион. Некои авио-компании сепак имаат разбирање, па цените за транспортот на вашата SUP даска нема да ве чини премногу, но има и такви кај кои цените достигнуваат и до 200 американски долари.

SUP-at-airport

Едно е сигурно, таксите за пренесување на габартни предмети, каде секако влегуваат и SUP даските, не може да се избегнат, но секако постои начин да се направи селекција помеѓу авио-компаниите по однос на цената. Па еве, со наша мала помош, ќе успеете дополнително да заштедите на вашето наредно патување! Ова е листа на некои од авио-превозниците со кои ќе поминете најевтино!

SUP-at-airport-terminal

Aer Lingus бесплатно-100$

За летови од Северна Америка транспортот на спортска опрема е бесплатен, доколку истата не тежи повеќе од 22,6 килограми и не надминува должина од 2,7 метри. Бесплатно ќе биде во секој случај доколку се одлучите да патувате со бизнис класа, една SUP даска по патник.

Lufthansa бесплатно-75/150$

Се смета како дел од регуларниот багаж, меѓутоа зависно од класата со која ќе одберете да патувате, пропишаните критериуми дозволуваат максимална тежина од 32 килограми, односно 2 метри. Доколку ги надминете овие параметри, на континентален лет ќе треба да платите 70, односно 150 долари на интерконтинентален лет. Спортски багаж, патниците се должни да пријават 24 часа пред летот.

British Airways бесплатно-60$

Британскиот национален превозник ги смета даските како регуларен багаж, се додека тие не ги надминуваат пропишаните димензии и се спакувани во соодветни торби поради безбедноста или можноста од оштетување. Официјалните димензии се: 190цмХ75цмХ65цм. Максималната дозволена тежина е 23 килограми. Доколку се надмине тежината стандардната накнада е 60$.

Air Emirates бесплатно-варира

Emirates поддржува транспорт на спортска опрема како багаж, односно дел од вашиот стандарден багаж. Во економската класа максималните дозволени димензии изнесуваат 158цм вкупна должина(висина+ширина+должина), односно максимална тежина од 23 килограми.

Qantas бесплатно-135$

Условот е да биде спакувана во соодветна торба и да не надминува 32 килограми и 2,7 метри. Доколку вашиот багаж ги надмине овие параметри цените на накнадата зависат од дестинацијата на која патувате.

Air Tahiti Nui бесплатно

Air Tahiti Nui дозволува еден бесплатен спортски реквизит во рамки на регуларната цена која ја плаќате за патувањето. Сепак може да постојат исклучоци поради димензиите, тежината, видот на авион со кој патувете и сл.

Air New Zealand бесплатно-~150$

Транспорт на спортска опрема, конкретно даска нема да ве чини воопшто доколку истата не надминува димензии од 1,9 метри и тежина од 23 килограми. Дури, дозволено е и носење на повеќе спортски торби се додека не ја надминуваат пропишаната тежина и димензии.

Alaska Airlines 25$

Стандардна цена за нестандарден багаж. При патувања на одредени летови, кога превозот се врши со Boeing 737 или AirBus постојат одредени отстапки.

Bahamas Air бесплатно-75-150$

Секоја торба се третира исто, се додека не надминува 158цм комбинирана должина(должина+ширина+висина) и тежина од 23 килограми. Отстапување од овие параметри ќе ве чини 75$ или повеќе. Торби со тежина поголема од 45 килограми не можат да бидат внесени во авионите на Bahamas Air.

Напомена:
Цените не се подложни на промени, па така, доколку планирате патување, во секој случај проверете ги прописите и цените на официјалните веб-страни на авио-превозниците.

Доколку се уште немате SUP даска, погледнете ја понудата на BIC Sport Macedonia и одберете!

Повеќе информации можете да пронајдете на овој линк.

Related Posts

Leave a Comment

SUPSUP leash