fbpx

5 едноставни вежби за загревање на телото пред SUP

Home / Совети / 5 едноставни вежби за загревање на телото пред SUP
Сподели

Една од најважните работи пред било каква физичка активност е загревањето на телото. SUP веслачката техника е исто така исцрпна физичка активност, па вообичаено потребно е да го подготвите телото за претстојниот напор.

 

Динамично загревање на телото значи динамично движење и истегање на мускулатурата и зглобовите со цел да се постигне максимално ниво на флексибилност. Најдобро е да започнете со бавни движење и полека да го зголемувате интензитетот.

Што се однесува конкретно до SUP најоптеретени групи на мускули, односно делови од телото се рамењата, горните екстремитети и горниот дел од грбот. Ви презентираме 5 едноставни вежби за загревање со кои ќе успеете да го подготвите телото за SUP активности.

SUP workout

SUP workout

 

 

Застанете исправено со составени нозе. Опфатете го веслото со обете раце, пред вашиот граден кош. Ширината на зафатот одберете ја сами, колку што ви е потребно, но задржете ги рацете минимално свиткани во лактовите. Пробајте веслото да го пренесете преку главата кон вашиот грб, прилагодувајќи го држењето на рацете.

 

 

 

 

 

 

Останете во почетната позиција, но овој пат веслото поставете го над главата. Занишувајте го телото од лево кон десно и обратно со помош на рамениците, но и слабинскиот дел од стомакот.

 

 

 

 

Поставете го веслото позади вашиот врат, врз рамењата. Рацете слободно поставете ги врз веслото. Застанете со благ расчекор и ротирајте го телото лево-десно. Користете ги примарно стомачните мускули и грбот.

SUP workout

Со споени нозе застанете исправено. Опфатете го веслото во ширина на рамениците и поставете го над главата. Со симултано дишење правете движења на страна. Обидете се да ги истегате грбните мускули, додека карлицата ја држите во фиксирана положба.

SUP workout

Застанете во положба на расчекор со полусвиткани колена. Поставете го веслото врз колениците и потпрете се на него со раширени раце. Така поставени, притиснете со градниот кош кон земјата. Обидете се главниот дел од работата да го завршат мускулите на градите и грбот.

Применете ги овие едноставни вежби и телото ќе ви биде благодарно!

 

 

 

Related Posts

Leave a Comment

SUPкајак