fbpx

8 неверојатни факти за SUP низ историјата

Home / Совети / 8 неверојатни факти за SUP низ историјата
Сподели

Прочитајте неколку интересни факти поврзани со SUP техниката од нејзиното настанување па се до денес. Интересно е колку работи се изменети, а сепак основата останува иста! Од древни времиња луѓето мечтаеле да загосподарат #НаВода!

SUP

SUP се споменува во Библијата?

SUP буквално има попримено библиски размери! Едно од најзначајните случувања опишани во Стариот Завет започнува токму на SUP даска. Имено, кога кралицата Битија во 1275 г. п.н.е. го забележала Мојсеј кој како бебе бил заглавен во трските покрај реката Нил, бил сместен на пловило кое е опишано слично како денешните даски за SUP.

SUP in bible

Постојат докази за SUP веслање во Перу пред 3 000 години?

Дури и пред 3 000 години луѓето владееле со вештината за „стоење“ на вода. Перуанските риболовци се пионерите во оваа вештина. Пловилата со кои тие се служеле биле направени од трска, а за движење користеле весло од бамбус. Перуанските веслачи своите даски ги нарекувале „Коњче од трска“.

SUP in ancient Peru

Во Израел се користел тип на SUP даска пред 800 години, кој се уште се користи и денес?

Блискоисточните корени на SUP датираат од периодот помеѓу 800 и 1 300-тата година од нашата ера. Илјадници години претходно водените површини на Блискиот Исток биле извор на храна за луѓето, кои се потпирале на рибата која можеле да ја уловат во нив. Следствено на тоа, потребата за инструмент за полесен и попрактичен риболов резултирал со Хасаке „чамецот“. Корените на Хасаке се поврзуваат со исламската ренесанса. Димензиите на ова пловило биле речиси идентични со димензиите на даските денес. Хасаке даските можат да се најдат и денес, а значителен број од нив се во Тел Авив, каде се користат за најразлични цели. Покрај за риболов и забава, Хасаке е примарниот инструмент на спасувачките служби на Тел Авив.

SUP Hasake

SUP Hasake Tel Aviv

Хавајските традиционални даски биле долги и до 5 метри?

Првиот човек кој посведочил на традиционалното хавајско сурфање бил капетанот Џејмс Кук во 1788 година. Тој ги забележал локалните селани како се забавуваат на брановите со помош на даски изработени од дрвото Коа. Главниот во селото секогаш ја имал најголемата даска чии димензии достигнувале и до 5 метри.

Traditional Hawaiian SUP

SUP техниката на веслање се должи на сообраќајна незгода и зависност од цигари?

Еден од најпознатите промотори на сурфањето како спорт и сурф-инструктори Дјук Каханамоку уште во 40-тите години на минатиот век, на островот Ваикики, Хаваи започнал да употребува весло како помагало. Имено, додека ги обучувал странците како да сурфаат тој употребувал весло за полесно маневрирање. Дополнително, сообраќајна незгода го спречила да ги користи колениците, па така морал да биде исправен целото време додека бил на својата даска. На тој начин бил приморан да користи весло. Дополнително, тој како аргумент го наведувал тоа што доколку е исправен, можел непречено да пуши бидејќи цигарите и воопшто телото не му доаѓале во контакт со вода.

SUP legend Duke

„Таткото“ на модерната SUP техника 60 години веслал на истата плажа?

Џон Запоток се смета за „татко“ на модерната техника на веслање на даска, попознато како SUP. Тој се доселил на Хаваи во 40-тите години од минатиот век. Набрзо бил фасциниран од првите сурфери Дјук Каханамоку и АхКој браќата. За него е познато дека бил посветен на техниката за чиј основоположник се смета повеќе од 60 години, се до неговата смрт на 95 годишна возраст. Секогаш користејќи ја истата даска и истото весло.

SUP Legend Zapotok

Кој е „виновникот“ што SUP техниката се прошири во САД, а потоа и во светот?

Рик Томас е човекот кој е главниот виновник што SUP техниката се пресели од Хаваи во Сан Диего, Калифорнија во 2004-тата година. Неговата идеја да го популаризира овој спорт во САД прерасна во она што денес го нарекуваме SUP заедница. Со други зборови една од најбрзо растечките спортски заедници во светот.

SUP Legend Thomas

Лаирд Хамилтон веслал и за време на ураган?

Лаирд Хамилтон исто така се смета за една од SUP легендите виновни за популаризирање на овој спорт. Тој бил убеден дека токму SUP техниката на веслање е вистинско враќање кон хавајската традиција. Во 2014-та година за време на ураганот Мариа јужниот брег на Калифорнија бил погоден од големи бранови. Доволно големи за Хамилтон да не им одолее. Тој ја земал својата SUP даска и да се упати на плажата пред својот дом во Малибу, Лос Анџелес. Ваквиот подвиг го поставил на насловните страници на сурф-магазините, но и во самата историја.

SUP legend Hamilton

Подгответе се за наредната сезона на време. Одберете ја вашата нова SUP даска или кајак за најдобрата цена од големиот избор на BIC Sport.

Related Posts

Leave a Comment

SUP leashSUP