fbpx

10 Совети за почетници – како најбрзо да се исправите на SUP

Home / Совети / 10 Совети за почетници – како најбрзо да се исправите на SUP
Сподели

Најчеста грешка на почетници – веслање наназад! Немојте да бидете баш од тие на плажа 😊.  Прочитајте ја оваа наша листа од 10 совети и избегнете ги најчестите почетнички грешки при првото качување на SUP. Без разлика дали се качувате на вашиот нов BIC SUP, изнајмувате за прв пат даска, или пак веќе неколку пати до сега се имате качено, овие информации можат да направат значителна разлика при вашите следни обиди #НаВода. Најчеста грешка на почетници – веслање наназад! Немојте да бидете баш од тие на плажа 😊.  Прочитајте ја оваа наша листа од 10 совети и избегнете ги најчестите почетнички грешки при првото качување на SUP. Без разлика дали се качувате на вашиот нов BIC SUP, изнајмувате за прв пат даска, или пак веќе неколку пати до сега се имате качено, овие информации можат да направат значителна разлика при вашите следни обиди #НаВода.

1. Користете ремен

Користењето ремен не е значајно само за почетниците, туку за сите paddle boarders, и колку порано разберете колку значајно е ременот да е врзан за вашата нога во било кои услови, толку побезбедни ќе бидете вие и сите околу вас. Има повеќе типови на ремени и постојат различни точки на прицврстување на истиот за вашето тело во зависност од тоа каков стил на веслање на вода негувате. Повеќе за користењето на ременот и неговата значајност ќе пишуваме во нашите наредни статии!

2. Бидете сигурни дека веслате на правилен начин

Сите сме го направиле тоа бидејќи сме мислеле дека исправно во тоа време. Пробувате да веслате да ја црпите водата, истовремено балансирајќи да не паднете. Но, работите функционираат на друг поефективен начин кој резултира со поблаго движење на веслото и помал притисок на вашите рамења и лактите. Со рачката со која ја давате насоката на веслото, повлечете ја лопатата во водата со заоблената позиција. Со тоа ќе придонесете за стабилност на лопатата и движењето на SUP-от, и истовремено со правилниот агол на држење ќе додадете најголема сила во движењето.

3. Свртете се на вистинската страна

За оние кои не сурфале досега, не е веднаш јасно кој крај е предниот дел на даската (носот). Многу даски за почетници се големи и заоблени од двете страни со одлична стабилност, често со голема “EVA” површина на која движењето (и паѓањето) е комфорно. Оттука, пред да скокнете на даската, проверете претходно каде се перките и оставете ги зад вас кога ќе почнете со веслање. Перките кога се од задната страна помагаат при држењето на SUP-от прав за време на веслањето. Од друга страна пак, кога се напред, ja прават даската многу нестабилна и без разлика колку силно се трудите, даската едноставно нема да оди право.

4. Веслајте со вашиот труп Не ги користете вашите раце

Ова може да звучи чудно, но веслањето е најдобро кога е од вашиот труп, односно стомачниот дел и грбот. Овие се најцврстите мускули на вашето тело и овозможуваат најефективна сила за движењето при веслањето. Стоејќи високо и користејќи ги само рацете за веслање ќе биде многу исцрпувачки за вас и воедно нема да имате доволно сила. Погледнете ги овие видеа со техники за веслање

5. Гледајте во хоризонтот

Кога прв пат започнуваме со веслање, природниот инстинкт не наведува да гледаме надолу во даската, во водата што надоаѓа од страните и да се молиме дека нема да паднеме. Но, најдобрата стабилност се постигнува ако ја држиме главата горе и грбот исправен. Звучи можеби чудно, но кога вашата глава е надолу свртена во насока на прстите, многу е веројатно дека ќе се наклоните на вашите пети и тогаш, здраво вода 😊. Погледнете го ова видео од  ….

6. Држете се настрана

Морињата се огромни, езерата пространи, а реките широки. И покрај тоа, како да изгледа дека сите сакаме да весламе во еден ист метар квадратен. SUP даските се големи и можат да повредат сериозно при удар. Биди претпазлив кон останатите капачи, посебно кога ги учиш основите на SUP-от. Биди сигурен дека околу тебе има доволен простор за вежбање на стоење, паѓање и веслање.

7. Паднете од вашата даска на вистинскиот начин 

Дури и професионалците паѓаат, па така ова ќе биде дел од вашето веслање на SUP и кога ќе ја надминете фазата на почетници. Важно е да научите како да паѓате. Исто како што се вежбаат триковите и јавањето на брановите, така се вежба и паѓање… или доколку не сакате да се “фрлате” од вашата даска намерно, бидете бар свесни за тоа како треба да паднете правилно со цел да не дојде до непосакувана повреда и да ве оддалечи од SUP-от летово. SUP даските се големи и можат да ве повредат кога ќе се удрите во нив, па затоа, кога паѓаш, сакаш да паднеш подалеку од твојата даска. Не грижете, даската е врзана за вас со ремен и нема да ви избега откако ќе паднете, дури и да веслате на бранови или во река.

8. Јавнете бранови кои можете да ги издржите 

Можеби ова лето ќе се решите за промена и ќе го однесете или изнајмите вашиот SUP некаде на океан или друго сурферско место. Големите бранови знаат се уште да ги плашат и оние најискусните во овие спортови. Секогаш мора да ја почитувате мајката природа и да ги знаете вашите граници. Ова го правиме пред сè за забава и не сме во водата да докажуваме некому нешто. Бидете паметни и јавнете бранови кои се во склад со вашето ниво на знаење. Истово важи и за помирни води. Бидете сигурни во течението на реката и моќта на водата.

9. Внимавајте на ветрот

Ова е надополнување на претходната 8-ма точка. Многу е важно да ги знаете условите при веслање. Исто така да ја знаете временската прогноза со цел да бидете спремни при било која можна промена. Кога стоите на вашиот SUP, вие сте како едро во ветер. Ако случајно сте пресретнати од непосакувана промена во ветрот, легнете на даската и ставете го веслото под вас, исто продолжете со веслање како на регуларна сурф даска.

10. Грижете се за вашата даска и весло

SUP-вите за почетници се големи. За да бидат лесно управливи и истовремено цврсти, треба да бидат изработени од лесни високо квалитетни материјали кои ги прават скапи. Грижете се за вашата даска и весло, тие се кревки и лесно се оштетуваат кога ќе бидат фрлени на земја. Верувајте, вашата даска ќе ви биде благодарна! 😊.

Related Posts

Leave a Comment