fbpx

Интересни решенија за чување на вашата SUP даска надвор од сезоната

Home / Совети / Интересни решенија за чување на вашата SUP даска надвор од сезоната
Сподели

Ако ги прашате вљубениците во сурфањето и SUP веслачите која е нивната најголема пасија, освен, нормално, самото сурфање, сосема сигурно ќе ви одговорат дека тие се во страсна врска со својата даска. Секој горд сурфер ја чува својата даска во домот како на изложба, да го потсетува на незаборавните моменти и за заедно да ги бројат деновите до наредната сезона.

За таа цел, еве неколку практични решенија за тоа како да ја „паркирате“ вашата даска во домот, а тоа да изгледа кул и да не ви завзема непотребен простор. Независно дали сакате да ја претставите вашата омилена даска, вашиот custom design или пак сакате да се гордеете со целата ваша колекција, ви нудиме 9 интересни солуции.

Кактус решетка

Рачно изработена од цврст, одржлив бамбус. Кактус решетката за чување на SUP-даски е вертикално позициониран, стабилен држач кој може да го прилагодува својот капацитет во зависност од бројот на даски. Цените се движат од 429 до 799 американски долари.

Jabba

Хоризонтален држач кој се монтира на ѕид, произведен од познатиот дизајнер Jasper Eales. Составен од метални држачи, борово дрво, плута и јаже за банџи-џапминг ќе ја претставува вашата SUP-даска во неверојатно издание. Овој држач ќе ве чини 178 американски долари.

Целата понуда на кајаци и SUP даски од BicSport Macedonia со специјален попуст до крајот на сезоната од 20% плус можност за плаќање на рати без КAMATA!

Закачалка

Ако имате празен ѕид искористете го на креативен начин и „обесете“ ги вашите даски за да добиете инстантен SUP-board арт. Одличен начин да го украсите вашиот простор, само доколку вложите малку труд и уште помалку пари.

KELLY SLATER држач

Kelly Slater држач за даски кој истовремено може да послужи и за чување на вашата останата плажна опрема.

Држач од старо дрво

Уште едно неверојатно креативно DIY решение. Искористете парче дрво како држач за вашата SUP-даска така што ќе го зашрафите за ѕид во вертикална положба. Преостанатите гранки изделкајте ги соодветно за да послужат како држачи.

El Gringo

Држач кој ќе ја демонстрира сета убавина на вашата SUP-даска. Направен од нерѓосувачки челик има капацитет за само една даска. Вклучува и закачалка за вашиот пешкир, ранец или поводник.

BEAUT BOARD DISPLAY

Прикажете ја вашата или вашите омилени даски со приспособливиот држач кој се прицврстува на ѕид. Приспособлив за да може да ги прими речиси сите големини и видови на даски, додека држачите се обложени со гума за да не ја штетат вашата „поубава половина“.

Греди

Во случај во вашиот стан или куќа да има греди, било да се од естетски или практичен тип, доколку веќе не сте се сетиле, ставете ги вашите даски одозгора, заштедете простор а истите секогаш ќе ви бидат пред очи.

Јажиња

DIY решение кое можете да го реализирате со помош на две јажиња и малку вештина за врзување на јазли.

HAWAIIAN GUN RACK

Претставете ја вашата омилена даска со помош на единечниот хавајски држач направен од елегантно дрво.

Related Posts

Leave a Comment

Kayaking on a lake, кајакарење