fbpx

SUP Air Balance 11’0 – ултра стабилна и цврста SUP даска!

Home / Uncategorized / SUP Air Balance 11’0 – ултра стабилна и цврста SUP даска!
Сподели
1-sup_air_balance_11-0

SUP Air Balance 11’0 е нов модел на SUP Air Pack. Даската е на надувување и во комплетот е вклучено ранец за транспорт, весло, јаже за нога, перка, двонасочна пумпа и алат.

Нашиот тим имаше можност истата да ја „извози” на неколку различни локации и на различни временски услови… оттука, погледнете ги подолу нашите заклучоци за овој нов модел:

  • Содржи мека подлога низ целата површина одозгора, што ја прави уште поудобна и побезбедна за користење
  • Соодносот ширина и должина ја прави да биде супер стабилна
  • Формата и дизајнот на врвот овозможуваат одличен глајд и брзина
  • Jа препорачуваме на почетници, но со сигурност ќе им се допадне и на поискусни веслачи!
  • Нашиот тим досега имаше можност да ја весла на Охридско Езеро, Езеро Козјак, Увачко Езеро, како и Јадранско и Егејско Море. Имавме прилика да ја весламе на мирна вода, но и на големи бранови и посилен ветар. На мирна вода и помали бранови даската покажа повеќе од одлични перформанси, висока стабилност и никакви потешкотии при маневрирање. На високи бранови пријатно не изненади со високата стабилност, додека поради димензиите и формата во делот за маневрирање покажа послаби перформанси.
  • Цврста даска, изработена од високо квалитетен Dropstitch материјал!
  • Содржи високо квалитетно весло, компактен и практичен ранец, јаже за нога, алат и пумпа
  • Би сакале акцент да ставиме на двонасочната пумпа, која овозможува пумпање со висок капацитет, пумпање под висок притисок, како и издишување на даската! Екстремно брза и квалитетна пумпа!
2-sup_air_balance_11-0_uvacko_ezero

Димензии: 335x86x15 cm
Носивост: 120 Kg

3-sup_air_balance_11-0_ohridsko_ezero
4-air_balance_11-0
5-air_balance_11

Кога ќе се земе во предвид дека редовната цена за ЛЕТО ’22 на овој SUP Air Pack e 550 EUR, можеме слободно да кажеме дека моделов е вистинска вредност за парите!

*На залиха e преостаната многу ограничена количина.

*На асортиман имаме кајаци, тврди SUP даски и даски на надувување, чамци, елеци за спасување, весла, јажиња за нога, водоотпорни ранци и друга дополнителна опрема. Погледни цени на целата опрема за 2022 тука.

Се уште размислувате дали да се подновите со нова SUP даска оваа летна сезона? Со цел да донесете вистинска одлука, прочитајте ги овие 5 основни работи пред да купите SUP даска.

Related Posts

Leave a Comment