fbpx

5 основни работи кои треба да ги знаете пред да купите SUP даска

Home / SUP-даски / 5 основни работи кои треба да ги знаете пред да купите SUP даска
Сподели

Stand up Paddle Boarding-от е брзорастечки спорт #НаВода кој во последнава деценија сигурно се вброи помеѓу еден од најпопуларните водени спортови во светот. Трендот не ја одмина ни нашата земја, па така, минатото лето бевме сведоци на голем број SUP даски по нашите природни и вештачки езера. И сезонава овој тренд со сигурност нема да изостане. Почетоците на овој тип на спорт може да се забележат уште во 40-тите години на 20-тиот век на Хавајските острови. Имено, инструкторите по сурфање започнале да стојат на своите сурф даски со цел полесно да ги следат своите ученици.

Денеска SUP даските наоѓаат многу различна примена и ги користат различни групи на луѓе. Од подолги тури на вода, истражување на недопрени предели, вежбање јога и организирани трки на реки, езера, канали и мориња, па сѐ до релаксирано веслање покрај крајбрежјето и забава за цели семејства. Токму поради ова, даските низ годините станаа уште полесни, поцврсти, поиздржливи и што е најважно – лесно достапни за корисниците.  

Размислувате да купите SUP даска? Прочитајте ги овие 5 основни работи за Paddleboarding-от пред да се одлучите за истото, и дознајте зошто токму ова лето треба да ја набавите вашата нова SUP даска:

1. Типови на SUP даски согласно нивната конструкција

Тврда SUP даска и SUP даска на надувување

Тврдите SUP даски се најчесто поскапи од даските на надувување и се ориентирани кон тоа да овозможат одлични перформанси на вода. Нивната форма зависи од нивната намена, но самиот факт што нивната конструкција е цврста им овозможува да бидат обликувани за да дадат најдобра аеродинамика и глајд.

>>> Погледни голем избор на TAHE / BIC Sport тврди даски и каталог за 2022 година!

SUP даските на надувување станаа најпродавани модели во последните неколку години. Фактот што истите се пумпаат значи дека се лесни за транспорт и складирање, без да имате потреба од кровни држачи и голем простор во вашата гаража или подрум. Откако ќе се напумпаат, стануваат толку многу цврсти, што доколку ги допрете, а не се обидете да ги подигнете, можеби нема ни да приметите дека даската е полна со воздух. Потребни се 10-тина минути за да ги напумпате и подготвите за #НаВода. Комплексната Drop Stitch технологија од која се изработени ја прави даската цврста и крута, а истовремено лесна. Овој тип на даска придонесе низ годините SUP спортот да се популаризира и на сцената да се појават многу нови „веслачи” и уживатели на оваа спортска активност #НаВода.

Тврда vs. Даска на надувување (предности и слабости)

Тврдите SUP даски секогаш ќе бидат поефикасни #НаВода. Истите имаа поизразена форма и поостри ивици што им овозможува подобро ослободување на водата и подобар глајд. Овие рабови се посебно изразени кај SUP Surf и тркачките модели, правејќи ја даската побрза и давајќи ви чувство на целосна контрола и поголема стабилност. Во зависност од конструкцијата најчесто се потешки од SUP даските на надувување, но што поскап модел на даска купите, тоа полесна ќе биде истата.

SUP даските на надувување e потешко да бидат произведени со идеална форма поради PVC материјалот од кој се изработени и неговата природа кога е под висок притисок. Оттука, иако се полесни, никогаш нема да можат да се натпреваруваат со тврда даска (од соодветната категорија) во поглед на перформансите. Од друга страна, полесни се за транспорт и попрактични се за складирање. Доколку сакате да ги користите за вежбање јога, можат да бидат поудобни поради тоа што се помеки од тврдите даски. 

2. Која димензија на SUP даска ми е потребна?

Постојат повеќе начини за тоа како да одредите која димензија на даска ви е потребна, но точна наука при изборот не постои (па дури и на Google да најдете SUP калкулатор за истото). Димензијата на даската ќе се разликува во зависност од вашата способност за баланс и потребите за кои истата ја набавувате. За некој кој е почетник и никогаш претходно не стапнал на SUP даска, ќе се осеќа нестабилно на било која даска да застане… што повеќе време ќе проаѓа на даската, така постабилен ќе се чувствува. Веќе во нашата земја се достапни неколку школи и групи кои нудат часови и веслање во група, па така истите можат да ви помогнат полесно да ја совладате техниката и проблемот со балансот целосно да исчезне.

1 литар волумен ќе плови 1 килограм тежина.

Со оваа теорија даска со волумен 2 пати поголем од вашата телесна тежина ќе биде прилично стабилна. Најголем дел од all-round даските се помеѓу 250 и 300 литри што значи дека се прилично стабилни за сите тежини.

*Некои од поискусните веслачи во светот можеби користат SUP Surf даски со помал волумен од нивната тежина како даската би била помала, лесна и брза.

Ширината на даската исто така придонесува за стабилноста. Најголем дел од all-round и touring даските се помеѓу 76 и 89 cm.

Генерално правило кое се однесува на должината на SUP даската и намената за која ја набавувате е следново:

  • Пократки SUP даски (под 305 cm) се посоодветни за сурфање и за забава на децата
  • Даски со средна димензија (помеѓу 305 cm и 370 cm) се идеални за сестрана употреба и јога.
  • Долги даски (помеѓу 380 cm па нагоре) се идеални за брзо веслање и веслање на подолги тури

3. Колку време ми е потребно да научам да „SUP-ам”?

Stand up paddleboarding-от не е воопшто тешко за да се совлада. За многу кратко време можете да научите да веслате како професионалец. Неколку брзи совети:

  • Одберете мирна водена површина. Езеро би било идеално, само внимавајте водата да биде доволно затоплена. Најчесто, рано наутро или пред да се стемни водата е помирна и нема ветер.
  • Започнете да веслате на колена, за да ги осетите даската, веслото и управувањето со истата.
  • Откако ќе се осетите сигурни, поставете ги стапалата едно по едно на средина на вашата SUP даска, во ширина на вашите рамена, и исправете се. Рачката на SUP-от на средина е соодветна точка за координација. Препорачуваме малце да ги подвиткате колената, исправите грбот и да го стегнете стомакот.
  • Не се вознемирувајте доколку не можете да го пронајдете балансот веднаш откако ќе застанете на нозе. Нормално е да ви требаат неколку обиди додека воспоставите рамнотежа.

4. Зошто да купам SUP даска токму сезонава?

Paddleboarding-от е одличен тренинг за вашето тело, без разлика на вашата физичка подготвеност. Согорува многу повеќе калории споредено со многу други спортови, бидејќи во себе ги вклучува сите клучни елементи на тренингот: сила, баланс и издржливост. Без разлика дали веслате  рекреативно, вежбате јога, правите поголема тура #НаВода или се тркате, со SUP даската одличен тренинг ви е загарантиран. Со текот на времето, доколку сакате да го зајакнете тренингот, само зголемете ја брзината на веслање и времето поминато на даската.

Освен што го подобрува вашиот баланс, јачина и кондиција, други бенефиции од оваа „играчка” се:

  • Ве поврзува со природата и ви овозможува да истражите неверојатни предели
  • Го ослободува стресот во вас
  • Ви овозможува физички да се дистанцирате од гужвите на плажа и да поминете незаборавно време со вашата фамилија или пријатели, истовремено уживајќи во вашата приватност
  • Времето поминато со SUP #НаВода едноставно лета 😊

Paddleboarding-от не е едно сезонски спорт! Прочитајте ги овие корисни совети за off-season веслање, и дознајте зошто веслањето на есен или зима може да биде уште повозбудливо.

5. Дали е важно SUP даската да биде квалитетна?

Плати добро, но купи го еднаш! Додека евтините SUP даски на почетокот можат да ви изгледаат привлечни и добра вредност за парите, полошиот квалитет на материјалите и конструкцијата не само што ќе понуди инфериорни перформанси во однос на поскапите SUP даски на пазарот, туку истите се и далеку помалку издржливи. Не би било баш пријатно вашата нова даска да издржи само сезона или две, нели?

Недостиг на сестраност. Додека првично можеби ќе ја купите SUP даската за забава на плажа или за вашите деца, откако подобро ќе се запознаете со овој спорт неизбежно е да сакате да направите повеќе работи со истата. Без разлика дали ќе одите на подолга тура и истражување на непристапни места, да вежбате јога, или веслате на разбранета површина, потребна ќе ви биде сигурна SUP даска која ќе биде на висина на задачата. И за жал, тоа е местото каде што многу евтини алтернативи потфрлуваат. Без потребната цврстина и издржливост, многу од нив не можат да се користат за ништо друго освен за основно веслање на мирна вода. Купување на даска со повисок квалитет ќе ви овозможи да ги добиете сите работи кои ги нуди paddleboarding, кога и да бидете подготвени за истото.

Поевтините даски вклучуваат и понеквалитетна опрема со себе! Последниве години сѐ попопуларни се „Air Pack моделите” кој во себе освен SUP даска на надувување вклучуваат ранец за транспорт, пумпа, весло, јаже за нога, алат и перка. Доколку производителот нуди евтина цена, голема е веројатноста да овој тип на опрема да е со понизок квалитет. Пример, освен издржливоста, кај пумпата е важно и дали е со двојна комора која значително ќе го забрза пумпањето на висок притисок и ќе ви заштеди време и енергија. Додека пак ранецот е нон стоп изложен на различни услови… од топлина на плажа и во автомобил, се до влажна и студена гаража. Многу е важно материјалот да е квалитетен како истиот не би се расцепил уште во вашата прва година.

Брендот TAHE e резултат на спојувањето на BIC Sport и TAHE Outdoors – два бренда со огромна репутација! Спојот на спортската култура и експертизата во производствениот процес на BIC Sport, и уникатната посветеност за рачна изработка и истражување на TAHE Outdoors резултираат во неверојатен бренд кој има за цел да овозможи врвна забава за сите таргет групи: професионалци, рекреативци, фамилии – без разлика на нивото на подготвеност и знаење. Опремата е врвна, високо квалитетна и најголем дел од асортиманот е произведен во Франција, со особена грижа кон животната средина.

Со секој купен TAHE / BIC Sport SUP или кајак од нашето претставништво добивате 1 година гаранција на опремата. Дополнително нудиме и можност за плаќање на рати.

Погледнете го каталогот за 2022, и посетете нѐ на бул. Борис Трајковски бр. 75 (во круг на Охис), погледнете ја опремата и дозволете ни да ви помогнеме да го направите вистинскиот избор.

*Заследете го нашиот Instagram профил и тагнете нѐ на вашето следно Instagram Story #НаВода, или испратете ни фотка од вашата TAHE / BIC Sport опрема!

Related Posts

Leave a Comment