fbpx

Тест возење: Новиот BIC SUP 10’6 PERFORMER

Home / SUP-даски / Тест возење: Новиот BIC SUP 10’6 PERFORMER
Сподели
Новата серија SUP даски е веќе тука, па време е да се стави на тест. Професионалните тестери од Интернационалниот магазин за SUP ја извадија 10’6 PERFORMER серијата на вода, а подолу може да прочитате како истата се покажа во акција.

ЗАКЛУЧОК

Новиот 10’6 PERFORMER BIC SUP модел 2017 е редизајниран и прилагоден за да создаде чувство на лесно управување, со подобрени перформанси за маневрирање и подобрен дизајн.
Благо скратениот опаш и повисоката рокер предница придонесуваат за лесно и пријатно веслање. Исто така, 10’6 PERFORMER BIC SUP моделот се наоѓа во врвот на групата на даски за глајд; претставува одличен all-round пакет кој е вистинско освежување годинава.

ПРЕГЛЕД

Новиот 10’6 PERFORMER има свеж и модерен изглед кој вклучува подобрен dyneema потпорен каиш кој го заобиколува горниот и долниот дел на даската. Исто така, новата SUP даска вклучува поцврсти трислојни лајсни кои ја зацврстуваат оваа лесна даска. Одоздола има две фиксни странични перки и дополнителна централна перка која може да се подесува.
На горната страна може да се забележи подлога изработен од удобна текстура, еластичи јажиња за товар и нео рачка централно поставена, како и по една на предната и задната страна кои се од вистинска помош кога сакате да го ја изнесете даската надвор од вода, или пак да им дадете задача на вашите деца да ја однесат до колата.

Изјава од BIC Sport

Allround серијата на BIC Sport ги исполнува сите барања користејќи ја нашата SUP Air технологија за изработка – од веслање на мирна вода до адреналински окенски бранови.
10’6 PERFORMER серијата е приспособена за возачи до 90.7kg. Allround даските доаѓаат со предна и задна рачка за носење, точки за прикачување на јажето во форма на прстен, универзално компатибилна US Box централна перка и втисната премиум EVA подлога во форма на дијаманти. Со 10’0 и 10’6 даските исто така се вклучени и еластични јажиња за складирање на дополнителна опрема.

Карактеристики

Значително подобрениот BIC 10’6 PERFROMER е многу поцврст од минатогодишниот модел; со подобар финиш, и новите цврсти лајсни претставуваат чекор напред. Благо исправената рокер предница дава чувство на сигурност. Изненадување е и брзината на самата даска за што заслужна е и благо затеснетата „опашка“ и US Box централната перка.
Поголемата закривеност може да ги изненади корисниците кои се навикнале на други даски, но ова исто така може да се реши со различно надувување на истата т.е. со внесување повеќе воздух. Сите даски беа тестирани на 1.03 bar-а, но истите можат да поднесат и поголем притисок.
PERFORMER даската без сомнеж има високи перформанси при нејзино користење на помали бранови, во споредба со други порамни даски кои беа тестирани. Во целина, на тестерите навистина им се допаѓа новиот изглед на BIC SUP даската, фактот дека е лесна и целукопното искуство кое го нуди. Даската доаѓа со голем специјален ранец за лесно пакување и транспорт.
Оваа даска спаѓа во средната класа на SUP даски и навистина е многу конкурентна со бројните можности кои ги нуди; со многуте подобрувања на ланскиот модел, SUP Performer 10’6 би била одличен избор за вас за оваа сезона.
Related Posts

Leave a Comment