fbpx

Кајакарење со деца – неопходен водич за родителите

Home / Uncategorized / Кајакарење со деца – неопходен водич за родителите
Сподели

Ако барате забавен начин да ги заинтересирате вашите деца за авантури во природа уште од најрана возраст, кајакот е одлично место за почеток, посебно на лето!

Во споредба со другите спортови, кајакот е спорт со релативно понизок интензитет, па дури и малите деца можат да веслаат на кратки патувања во едносед или двосед кајак. Поради тоа што можностите #НаВода се неограничени, веројатноста оваа “играчка” брзо да им здосади е помала.

Се разбира, веслање со деца не е исто што и кајакерење со возрасен. Потребно е повеќе планирање. Затоа, го составивме овој водич кој вклучува буквално сѐ што треба да знаете пред да го набавите вашиот прв фамилијарен кајак и да ги однесете вашите деца на веслање.

Од каде да започнете

Пред да започнете со планирање на патувањето, важно е да се осигурате дека вашето детее удобно да биде во или #НаВода. Исто така, треба да се има на ум дека постои голема разлика помеѓу способноста на детето да плива во базен и способноста да се справи со струите и водата што се движи. Дури и со соодветен елек за спасување и безбедносна опрема, сепак за детето може да биде застрашувачко да се најде на отворена вода. Затоа, пред да го преземете првиот конкретен чекор, уверете се дека вашето дете или деца се самоуверени и им е удобно кога се во допир со вода.

Забава за целото семејство!

Овој спорт веројатно е еден од полесните спортови кој ќе ви овозможи добра забава со едноставно планирање. Прилагодувањето на вашиот стил на кајакaрење со цел вклучување на децата е релативно лесно. Ако првиот чекор го поминавте успешно – заклучивте дека децата се самоуверени, дали се запрашавте самите себеси дали се чувствувате удобно да се грижите за дете и сте сигурни дека можете да ја преземете контролата доколку се појави нелагодна ситуација?

Клучно е да размислите е колку сте подготвени за веслање! Никогаш не земајте дете на вода освен ако не сте поискусни или имате искусен веслач со вас. Добра идеја е да планирате да имате по еден возрасен за секое дете додека не се утврди нивото на знаење на веслачите, односно додека не ги запознаете и не ја стекнат вашата доверба сите членови во групата. Ако имате доволно возрасни, тогаш вашето дете може да покани и другарчиња со него, па вистинската забава да започне!

Испланирајте ја добро кајак турата!

Како и со повеќето активности во природа, планирањето е клучно за успешна авантура. Подолу во овој текст ќе ги најдете најважните работи што треба да се земат во предвид кога планирате да “возите” кајак со деца.

На која возраст може децата да започнат со кајакарење?

Кајакерењето со дете зависи од нивото на зрелост на детето, физичките способности и вашето лично искуство со кајакот. Но, за да го поедноставиме овој текст, ќе користиме возраст на децата.

Некои искусни веслачи избираат да ги водат своите деца уште од најрана возраст (деца до 3 години) како патници на централното седиште, во тандем, односно двосед тип на кајаци. Но, истово не ви го препорачуваме, освен ако вашето дете може да седи мирно подолго време додека на него го носи елекот за спасување. Исто така, доколку се решите на ваков чекор, еден од веслачите треба да биде навистина искусен како би можел индивидуално да го исконтролира кајакот во неповолна ситуација, додека другиот веслач се грижи за малото дете.

Децата на возраст меѓу четири и осум години се совршени за двосед кајак ако можат да седат мирни доволно долго. Овој начин, познат како “duffing” е фантастичен начин да ги запознаете децата со кајакот. Исто така, на турата може да понесете и весло со соодветна димензија за дете, како истото би започнало да ги практикува основните вештини на веслањето. Децата на возраст од 8+ години може да бидат доволно силни за да веслаат на предното седиште од кајакот.

Кога може детето да започне да весла на кајак самостојно?

Некои деца започнуваат со кајакарење на возраст од три или четири години. Но, на оваа возраст, тренингот првенствено ќе вклучува држење на веслото и веслање само неколку минути.

Ако сакате порано да го запознаете вашето дете со овој спорт, пет до седум години е добра возраст да започне со тренинг во базен или на мирни води. Под седум години децата можеби ќе бидат во можност без прекин да веслаат и до 400m во мал кајак.

Над 7 години веќе децата имаат развиено поголем распон на внимание и физичка сила за континуирано веслање од 800m до 1600m.

Како да го зголемите ентузијазмот кај децата за кајакарење?

Ако сакате вашите деца да ја делат со вас љубовта која ја имате кон кајакот, тогаш почнете да разговарате со нив за овој спорт. Кажете им ги вашите авантури со веслањето или заедно гледајте видеа за кајакарење за да го разбудите нивниот интерес.
Доколку имате кајак во вашиот дом, седнете ги во него или направете го истото во соодветна продавница за кајаци.

Една од опциите да ги запознете вашите деца со овој производ е да ги донесете во нашето претставништво на бул. Борис Трајковски бр. 75 (во кругот на фабриката Охис) и тука да се сретнат за прв пат со оваа нова “играчка”.

Секако, можете да ги запишете и на час по кајакарење ако имаат доволно години.

Откако ќе го разбудите нивниот интерес, почнете да ја планирате рутата заеднички. Вашето дете важно е да се чувствува вклучено во секој чекор од патувањето. Предложете места за кои знаете дека ќе бидат интересни за нив. Или, размислете да им дозволите да поканат пријател ако имате втор возрасен на располагање да ви помогне во надзорот.

Должина на кајак турата!

Многу деца брзо се досадуваат и имаат потешкотии да седат мирни подолго време, па затоа е најдобро патувањата со кајак да бидат кратки. Триесет минути на вода може да биде максимум за помладите деца. Во меѓувреме, постарите деца може да издржат тури од еден час или повеќе во зависност од нивната физичка способност, опсегот на внимание и искуството со веслање.

Еден начин да поминете цел ден во кајак со децата без да им биде здодевно или уморно е да планирате редовни паузи. На пример, можете да поминете триесет минути до еден час веслајќи, проследено со пауза за пливање, а потоа да веслате уште триесет минути до еден час и да направите пикник со децата!

Ако вашите деца веслаат, паузите ќе им дадат време да се опорават. Ако вашите деца се патници во тандем кајак, интервалите ќе им овозможат време да се движат и да согорат енергија. Езерата во нашата држава се идеални за ваков вид на патувања.

Практични вештини пред да започнете со веслање!

Вежбањето специфични вештини пред да започнете во вода може да ја зголемат самодовербата на вашето дете. Пливањето е веројатно најкорисната вештина. Може да се бара од вашето дете да исплива и 25 до 50 метри пред да започне со часови по кајакарење.

Ако вашето дете знае да плива, ќе се чувствува посигурно при вежбањето на “мокрите излези” од кајакот (важи за sit-in-top кајаци). Ако го научите вашето дете да излага од базен без да ја користи скалата, исто така ќе ја изградите основа за повторно влегување во кајакот по превртувањето.

Некои основни вежби за градење сила и координација на горниот дел од телото се исто така корисни. Ова може да вклучува вежби како што се склекови и згибови, но исто така можете да вежбате синхронизирано веслање во вашиот двор.

Како да го изберете вистинскиот кајак за вашите деца?

Постојат многу типови на кајаци, но ние ќе се фокусираме на двете најчести прашања при изборот на кајак за деца.

Едносед vs. Двосед кајак

Препорачуваме двосед кајаци за деца на возраст под осум години. Двоседите (со капацитет за +1 дете) ви даваат флексибилност додека вашето дете расте и неговите вештини се развиваат. На пример, со двосед кајак, тие ќе можат да вежбаат веслање во средината (duffer позиција) или на предното седише додека вие го контролирате кајакот од позади.

Сепак, едносед кајаците се најдобриот начин за децата да ги подобрат своите вештини и да стекнат самодоверба. Штом вашето дете ги совлада основните удари со веслото и безбедносните техники, и стекне зрелост да весла соло, можеби ќе сакате да размислите да му набавите кајак.

Sit-in-top vs. Sit-on-top кајаци

Sit-on-top кајаците се поголеми фаворити кога се во прашање децата бидејќи не треба да вежбате “мокри излези” од кајакот додека е превртен. Исто така, тие имаат тенденција да бидат постабилни, многу тешко се превртуваат и речиси невозможно е да потонат бидејќи имаат вградени дренажни дупки.

Дополнително, децата претпочитаат sit-on-top кајаци бидејќи тие се помалку ограничувачки.

Полесни се за влез и излез, што значи дека вашето дете може да оди на пливање и да се искачи лесно назад во кајакот.

Поголем предизвик е да се вратите назад #НаВода од превртен sit-in-top кајак. Мора да ги знаете техниките за спасување од превртување. Поради оваа причина, sit-in-top кајаците се препорачуваат само за постари и поискусни деца или за веслање на постудено време.

>>> Погледни го нашиот каталог за 2022 година кој содржи одличен избор на високо квалитетни sit-on-top двосед и едносед кајаци од брендот TAHE / BIC Sport!

Весла за кајак

Не заборавајте да понесете и весла со соодветна димензија! Стандардните весла се премногу долги за повеќето деца удобно да ги користат.

Совршената должина на веслото ќе зависи од висината на детето и ширината на кајакот. Вообичаено, детските весла ќе бидат пократки, полесни и со помали сечила од обичните весла. Може да имаат и малку потенка конструкција, што ќе им овозможи на малите детски дланки полесно да го фатат.

Checklist-а пред да тргнете на тура со кајак!

Може многу лесно да се заборави некоја важна работа кога ги носите вашите деца на авантура. Со цел да ви ги олесниме работите, изготвивме список со опрема што ќе ви биде потребна пред да тргнете:

Елеци за спасување

Децата секогаш мора да носат елеци за спасување, дури и додека веслаат во плитко или во близина на копно.

Еден начин да ги навикнете вашите деца да носат појас за спасување е да ги натерате да го носат дома или додека пливаат.

Не заборавајте вие самите да бидете пример и да носите појас за спасување!

Исто така, важно е да ги научите вашите деца како да пливаат додека го носат појасот. Некои деца природно ќе се наведнат нанапред или ќе паничат откако ќе се превртат, па затоа треба да ги научите на две безбедносни техники. Прво, како да легнат и да пливаат со лицето нагоре. Второ, како да се свртат од положба со лицето надолу во положба со лицето нагоре.

Добра идеја е да го однесете вашето дете на безбедно место за да вежба пливање со елек за спасување. Идеални се базените или мирните води кои се доволно плитки за да можете да застанете покрај нив.

Јаже за влечење

Секогаш носете јаже за влечење, особено додека не дознаете колку долго и далеку вашето дете може да весла соло. Потоа, кога децата ќе се изморат или едноставно ќе им здосади да веслаат, можете да го прицврстите јажето за нивниот кајак и безбедно да ги донесете дома.

Јажињата за влечење се исто така корисни ако вашето дете тукушто започнува да весла во едносед кајак. Долгата сајла што ги врзува вашите кајаци ќе ви овозможи да интервенирате кога е потребно, и може да му помогне на вашето дете да се чувствува побезбедно.

Сет за прва помош

Златно правило за безбедност во кајак е да не заборавите да понесете сет за прва помош и да го спакувате во водоотпорна торба или ранец. Секогаш се надеваме на најдоброто, дека нема да треба да го користите, но бидете подготвени.

Помалите исеченици, гребнатини и каснувања од бубачки се обично најлошото на кое ќе бидете изложени, затоа погрижете се вашиот комплет да содржи антисептички марамчиња, водоотпорни фластери и креми за убоди од растенија и бубачки.

Што точно треба да се внесе во вашиот прибор за прва помош ќе зависи од должината и локацијата на вашето патување и сите медицински состојби што ги имате вие или вашето дете.

Храна и вода

Гладното дете е мрзливо дете (ова би требало да важи и за нас возрасните), затоа не заборавајте да спакувате доволно храна за времетраењето на вашето патување.

Спакувајте се внимателно и размислете да донесете мешавина од здрава храна која полека ослободува енергија и неколку високо-енергетски закуски во случај на вашето дете да му треба брзо собирање енергија. На пример, овошјето, јаткастите плодови и гранолата се идеални бидејќи се полни со здрави калории и не заземаат многу простор.

Донесувањето пикник е забавен начин да ја претворите кратката рута со веслање во целодневна или полудневна екскурзија. Но, запомнете дека вашата храна може да биде под сонце некое време. Затоа, можеби ќе сакате да избегнувате да носите лесно расиплива храна, освен ако немате простор во кајакот за торба која држи ладно.

Водата е уште покритична од храната, затоа секогаш имајте шише со вода на дофат на раката и пијте редовно додека веслате. Исто така, однапред проверете ја вашата маршута за да знаете колку вода да донесете и дали има места каде што можете да излезете и да наполните. Ако не сте сигурни, понесете дополнителна залиха.

Заштита од сонце

Изгорениците од сонце се чест проблем за децата, а долгите периоди под сонце може да предизвикаат вртоглавици и дезориентираност. Поради оваа причина, препорачуваме да го натерате вашето дете да носи крема за сончање со висок фактор секогаш кога е надвор на
вода.

Облеката со долги ракави, означена со UPF и капа означена со UPF, исто така ќе помогне да се заштити вашето дете од изгореници од сонце.

Водоотпорна торба или ранец

Ако се превртите, врне дожд или ве прскаат, вашите работи ќе се навлажнат. Иако кајаците со отвори за складирање треба да ја одржуваат вашата опрема сува, не сите кајаци 100% ја пропуштаат водата. Затоа, паметно е да спакувате резервна облека, комплет за прва помош, храна и каква било електроника, во водоотпорна торба.

На залиха имаме висококвалитетни воодотпорни торби со различен капацитет за складирање. Погледни каталог за ЛЕТО ’22 тука.

Други корисни работи

Возењето кајак со деца е одлична забава, но можете да ги направите авантурите незаборавни со додавање на неколку предмети за да ги задржите вашите деца ангажирани додека веслаат. Малите работи, како што е на пример двогледот, може да ги спречат вашите деца да се досадуваат.

Ако вашето дете се вози како патник во двосед кајак, размислете да припремите и отпечатите листа со птици или растенија кое детето низ текот на турата би ги препознало. Со ова децата ќе имаат супер задача за време на авантурата. Алтернативно, можете да понесете книга, бележник, водоотпорна камера или трска за ловење на риба.

Исто така, ако планирате патување преку ноќ, ќе треба да спакувате опрема за кампување, вклучувајќи лесен шатор, вреќи за спиење, повеќе храна и вода.

Совети за кајакарење со деца

Брзи безбедности совети!

  • Никогаш не го врзувајте вашето дете во кајак. Иако можеби мислите дека ова е добра идеја за попргави деца, тоа е исклучително опасно ако се превртите
  • Секогаш носете елеци за пасување (PDF), научете го вашето дете како да плива со спасувачки појас и вежбајте окри излези од превртен кајак (доколку се решите да набавите sit-in-top кајак).
  • Обезбедете шлем за вашето дете доколу веслате во плитки и карпести води, или кога на вашата тура има ниски гранки од дрвја.
  • Секогаш имајте еден искусен веслач на едно дете

Бидете трпеливи и започнете бавно

Децата нема да одговорат на вашата просечна брзина, иако може да ве престигнат кога ќе пораснат. Очекувајте да се движите со околу една третина од вашето вообичаено темпо и од оваа појдовна точка планирајте ја рутата. Трудете се да бидете смирени и избегнувајте брзање, освен ако тоа не е за личната безбедност на вашето дете. Децата учат брзо, а да им се даде малку време за вежбање ќе им помогне многу.

Поставете правила

Сите мразат правила, особено децата, но неколку безбедносни правила се од суштинско значење. Затоа, дозволете им на вашите деца да ги знаат правилата пред да тргнете #НаВода, и потенцирајте какви ќе бидат последиците или наградата ако се однесуваат лошо, односно ако бидат добри.

Ако вашето дете весла со свој кајак, задолжително поставите правила за тоа колку далеку од вас смее да оди.

Направете план за вонредна ситуација

Ако веслате во тандем со вашето дете на средина (duffer позиција), проверете дали и двајцата веслачи знаат што да прават при превртување, т.е. кој ќе се грижи за детето, а кој за кајакот.
Практикувањето на ова на мирна вода ќе го направи вистинскиот настан помалку стресен. Ако вашето дете е доволно старо за да разбере, споделете го планот со него.

Исто така, креирајте пловечки план секој пат кога одите на веслање и информирајте пријател или член на семејството. Тие треба да знаат колку долго планирате да бидете надвор, вашите планирани места за лансирање и излез, кој е во кајакот и што да прават ако не се вратите во договореното време.

Едуцирајте ги децата

Најдоброто нешто за кајак со деца е тоа што можете да ги научите на вашите вештини за веслање. Можете да започнете со учење на мокри излези при превртен кајак и основни потези со веслото.

Ако не сте сигурни сами да ги научите на мокри излези, можеби ќе сакате да го запишете вашето дете на кајакарење за почетници за да може да ја научи оваа суштинска техника. Потоа можете да вежбате заедно на вода и блиску до копно.

Секако, оваа вештина не ви е неопходна доколку се одлучите да набавите sit-on-top кајак.
Погледни понуда со sit-on-top кајаци тука.

Но, зошто да застанеме на вештините за веслање? Исто така, може да ги учите вашите деца за плимата, струите или да го споделите со нив вашето знаење за дивиот свет…

Охрабрете ги да земат учество

Дури и ако вашето дете се наоѓа на средина на двосед кајакот, сепак може да се приклучи на веслањето. Донесете дополнително весло за да може да се приклучи или оставете ги да седнат на седиштето за веслање на неколку минути. Запомнете ја вашата маршута, но дајте им мапа и замолете ги тие да бидат капетанот некое време.

Држете ги децата во видно поле

Повеќето родители се испраксирани да ги држат своите деца на око! Во кајак двосед, нека го заземат предното или средното (детско) седиште. Во едносед кајак, нека веслаат пред вашиот кајак освен ако не ги влечете додека се враќате.

Забавувајте се и уживајте!

Најважното нешто што треба да се запамети кога возите кајак со деца е дека тоа би требало да биде забавно за вас и вашето дете. Обидете се да планирате доволно време за да уживате во авантурата без да брзате. Направете паузи, фотографирајте се, одете на капење, дозволете му на детето да скока од кајакот… едноставно, have fun!

И да не се одлучите да одите со вашето дете на тура, верувајте дека децата може да имаат незаборавни моменти #НаВода доколку се забавуваат со кајакот во плиткото, додека вие лежите на плажа.

Во нашиот асортиман ќе најдете најголем дел од опремата наведена во овој текст, произведена од светски познатиот бренд TAHE (ex. BIC Sport)! Доколку се уште не сте се решиле дали ова е вистинското лето да се опремите за овој спорт #НаВода, или пак ви фали парче опрема кое ви неопходно во вашата колекција, посетете нѐ, нашиот тим со задоволство ќе ве посоветува што е најдобро за вас и вашите деца!

Во меѓувреме, каталогот за ЛЕТО ’22 може да го најдете на овој линк.
За инспирација и совети, редовно следете ги нашите Instagram и Facebook профили 😉

Related Posts

Leave a Comment