Beach Wing 11’0 SUP Pack-от е еден од водечките модели на TAHE кој нуди врвен сооднос помеѓу цената и квалитетот! Втора година по ред ова е SUP даска која е една од најбараните меѓу светските дистрибутери на TAHE опремата!
SUP даската е на пумпање и комплетот вклучува ранец за транспорт, весло, јаже за нога, перка, двонасочна пумпа и алат.
Нашиот тим овој месец имаше можност оваа SUP даска да ја “изнавози” на море, на различни временски услови… оттука, погледнете ги подолу нашите главни заклучоци и оценки по клучните параметри:
1. Квалитет на изработка!
Бевме пријатно изненадени колку е внимавано на секој детал, од начинот на пакување до најситни детали при изработката на SUP даската, како:
– Начинот на кој се прицврстува 9” Touring перка е нешто што отскокнува од досегашните SUP модели во овој ценовен ранг
– Квалитетот и начинот на кој е изработена меката EVA подлога
– Каишот за прицврстување на SUP даската откако ќе ја замотате даската и спакувате за транспорт
– Компактноста и квалитетот на ранецот за транспорт
– И неколку други ситни детали кои го прават овој SUP фантастичен
2. Брзина и глајд!
Даската во услови на мирно море и благи струи во водата покажа одлични перформанси кога е во прашање брзината и глајдот! Ова донекаде беше и очекувано со оглед на тоа што овој модел подеднакво содржи карактеристики на SUP даска за кратки и средни тури и сенаменска даска за мирни води!
3.Тежина vs. цврстина!
SUP-AIR технологијата на TAHE и густиот Dropstitch материјал ја прави оваа даска лесна за транспорт, a истовремено цврста! Кога ќе се земе во предвид дека даската има должина од 335 cm, ова е навистина олеснителна околност додека влегувате и излегувате со истата од вода… да не зборуваме доколку треба да ја носите во рака на подолга дистанца, пример до вашиот автомобил или местото каде што сакате да ја складирате.
4. Цена на СУП-от!
Овој модел на TAHE во однос на конкуренцијата е одлично ценовно позициониран! Цената од 558 EUR ја прави многу конкурентна во споредба со SUP даски на пазаров кои чинат од 700 евра па нагоре!
5. Стабилност!
Beach Wing 11’0 прикажа повеќе од солидна стабилност и перформанси за маневрирање на мирно море и при помали струи во водата!
Единствена слабост на даската беше нејзината стабилност и способност за брзо маневрирање на поголеми бранови! Но, ова и беше очекувано со оглед на тоа што ова е комбинација од touring и all-round flatwater SUP модел.
Спецификација на SUP даската:
– Должина: 335 cm
– Ширина: 81 cm
– Дебелина: 15 cm
– Тежина: 10.5 Kg
Beach Wing 11’0 e СУП даска која ја препорачуваме на почетници и веслачи со средно ниво на знаење! Во зависност од намената, овој модел секако може да одговори и на барања на оние кои имаат напредно ниво на знаење.
Со Beach Wing 11’0 следува и 1 (една) година гаранција! Но, начинот на кој е изработена даската влева доверба дека во овој модел лежат многу километри веслање! 😉
Доколку од вашата нова SUP даска барате модел кој подеднакво ќе прикаже одличен глајд, голема стабилност на поголеми бранови и одлични способности за маневрирање, во тој случај ви го препорачуваме 10’6 BREEZE Performer Pack-от на TAHE! Ова е re-make на познатиот BIC Sport Perfomer10’6 – SUP Surf даска која е дел од нашата лична колекција и којa и по 3 години има неверојатни перформанси #НаВода!
Погледни цена на оваа SUP даска, како и на целата опрема за 2022 година тука!