fbpx

10’6″ BEACH SUP-YAK – кога не можеш да се одлучиш дали да купиш SUP даска или кајак на надувување

Home / Uncategorized / 10’6″ BEACH SUP-YAK – кога не можеш да се одлучиш дали да купиш SUP даска или кајак на надувување
Сподели
1-10_6_beach_sup_yak

10’6″ BEACH SUP-YAK – кога не можеш да се одлучиш дали да купиш SUP даска или кајак на надувување! Нов супер иновативен модел на TAHE, врвно изработен! Даската е на надувување и во комплетот е вклучен ранец за транспорт, весло за SUP/кајак, јаже за нога, седло, потпирач за нозете, двонасочна пумпа и алат.

Нашиот тим имаше можност да ја “извесла” оваа SUP даска / кајак на Јадранско море и бевме импресионирани од перформансите и начинот на кој е изработена:

  • Изработката на подлогата е next-level, и истата се простира по целата површина одозгора.
  • Формата е аеродинамична и ѝ дава цврст и остар изглед на даската.
  • Врвот е остар и шпицест, што овозможува одличен глајд, сечење на брановите и брзина.
  • Како резултат на формата и димензиите, покажа неверојатни перформанси и на бранови и на мирно море. Висока стабилност, леснотија при маневрирање и брзина при веслање.
  • За високиот квалитет на изработка говорат двете дополнителни странични траки на SUP-от кои овозможуваат екстра цврстина и амортизација при различни услови. Дополнително, 15cm дебелата воена drop-stich конструкција го прави издржлив, крут и екстремно пловен.
  • По страните низ целата површина се протега DAISY CHAIN ATTACHMENT SYSTEM (DCAS). Истиот овозможува да го прикачите седлото за кајакот и потпирачот за нозете онаму каде вас ви одговара. Истите се местат за неколку минути и добро затегнати седат во првобитната положба без разлика на должината на вашата тура и времето поминато на даската.
2-daisy_chain_attachment_system
  • Седлото е комфорно и стабилно.
  • Овој модел со сигурност ќе им се допадне како на почетници, така и на поискусни веслачи и кајакари.
  • Содржи високо квалитетно весло, кое се прилагодува за двете различни намени – SUP и кајак
  • Пумпата е екстремно брза и квалитетна! Има можност за пумпање со висок капацитет, под висок притисок, како и издишување на даската!

Димензии: 320x86x15 cm
Носивост: 135 Kg

3-10_6_beach_sup_yak_jadransko_more
4-10_6_beach_sup_yak
6-10_6_beach_sup_yak_accessories

Кога ќе се земе во предвид дека цената на овој цел пакет е 769 EUR, а истовремено добивате и SUP даска и кајак, воопшто не треба да имате повеќе дилема при носење на вашата финална одлука!


*Од овој модел на залиха имаме строго ограничена количина!

5-10_6_beach_sup_yak

*На асортиман имаме кајаци, тврди SUP даски и даски на надувување, чамци, елеци за спасување, весла, јажиња за нога, водоотпорни ранци и друга дополнителна опрема. Погледни цени на целата опрема за 2021 тука.

Се уште размислувате дали да се подновите со нова SUP даска оваа сезона? Со цел да донесете вистинска одлука, прочитајте ги овие 5 основни работи пред да купите SUP даска.

Related Posts

Leave a Comment