Постојат голем број шпекулации кои се однесуваат на кајаците на надувување. Истите тие се и главната причина која ќе ги натера купувачите два пати да размислат пред да изберат да купат гумен кајак на надувување.
Секако, голем дел од овие претпоставки се не повеќе од митови, кои ние во овој текст ќе ги пробиеме. Се надеваме дека со тоа ќе ви помогнеме и ќе ве информираме за да го направите вистинскиот избор при купување на кајак.
Мит #1: Гумените кајаци не се издржливи
Ваквиот став есосема логичен поради перцепцијата на материјалот од кој е направен. За очекување е гумените кајаци да бидат помалку издржливи од оние направени од леана пластика. Меѓутоа, праксата вели поинаку. Просечниот рок на употреба на кајаците е еднаков независно од материјалот, а дури во некои случаеви гумените се покажуваат како поквалитетни.
Во структурата на материјалот од кој се прават кајаците на надувување се користат материјали како ПВЦ, хипалон и нитрилон кои се одликуваат со одлична цврстина и издржливост. Материјалите се поставуваат во неколку слоеви и се спојуваат со помош на струја и лепило.
Мит #2: Ќе потоне доколку се дупне
Неточно. Кајаците на надувување се конструирани од материјал кој има пловно својство. Дури и волуменот потполно да се исполни со вода, кајакот нема да потоне.
Доколку дојде до дупнување на вашиот кајак на надувување тоа нема да биде особен проблем. Најголем дел од кајаците се дизајнирани на начин да имаат повеќе воздушни комори. Па така, дури и една од нив да биде пробиена и исполнета со вода, кајакот и понатаму ќе остане на површината.
Меѓу другото, секој кајак на надувување содржи прибор за поправка кој е едноставен за користење.
Мит #3: Мора да се одбегнуваат остри предмети
Доколку планирате да кајакарите во река или друг вид на брза вода, каде може да се очекува контакт со карпи или друг вид на остри предмети, секако ќе ви биде потребен кајак дизајниран за таа намена.
Кајаците на надувување, наменети за кајакарење по брзи реки, па дури и оние за мирни води се дизајнирани и направени на начин да бидат издржливи при контакт со токму такви предмети.
Мит #4: Комплицирани за транспорт
За разлика од останатите кајаци кои се погодни за влечење или имаат додаток за тркала за транспорт по копно, кајаците на надувување не се препорачува да имаат контакт со подлога на копно. Влечењето по песок или друг вид на подлога ќе предизвика гребаници, меѓутоа нема да ја намали функционалноста на кајакот. Меѓу другото, секогаш постои опцијата истиот да биде испразнет од воздух и спакуван во ранец за транспорт.
Мит #5: Кајаците на надувување не се стабилни
Практично гледано, кајаците на надувување се всушност многу по стабилни од оние со цврст труп. Ова произлегува од нивниот дизајн кој е во главно рамен на дното, што ги прави постабилни од заоблените дизајни на кајаците од пластика.
Кај некои модели на кајаци можно е дури и да се исправите на двете нозе без поголеми потешкотии. Понатаму, кајаците на надувување имаат по неколку воздушни комори кои логички не можат да потонат.
Мит #6: Кајаците на надувување се тешки за маневрирање
Ова секако има врска со моделот на кајакот. Генерално кајаците со цврст труп се подинамични во вода. Меѓутоа имајте на ум дека кајаците на надувување немаат примарна намена да бидат агилни во вода.
Често гумените кајаци на надувување се опремени со дополнителни перки и кормила кои овозможуваат полесно управување и маневрирање.
Мит #7: Потребна е поголема грижа за одржување
Единствено што треба да направите е да се осигурате дека кајакот е сув и правилно спакуван пред да биде складиран во торбата за чување. Нема потреба од посебни услови за чување, единствено потребно е да се одбегнуваат влажни места или извори на топлина.
Од дополнителни сретства за одржување, можете да користите лак за UV заштита кој ќе го спречи бледеењето на материјалот и ќе ја задржи неговата цврстина.
Мит #8: Овој вид кајаци се поскапи од останатите
Кајаците на надувување варираат со нивната цена од 680 до речиси 1 600 евра. Цената често варира во зависност од моделот, квалитетот на материјалот, како и конструкцијата. Споредено со другите видови на кајаци, цените се практично исти.
Погледнете го изборот на гумени кајаци на надувување од понудата на BIC Sport Macedonia!