fbpx

Кои ќе бидат SUP трендови наредната 2018-та година

Home / Совети / Кои ќе бидат SUP трендови наредната 2018-та година
Сподели

Љубителите на водените спортови ќе имаат неверојатни предизвици во наредната година. Последните трендови поврзани со SUP заедницата почнаа да се „шушкаат“ помеѓу вљубениците во овој спорт.

SUP

Заедницата која е во неверојатен пораст изминативе неколку години се очекува да продолжи да се шири и развива. Веслањето како начин на живот е примамлив за се повеќе млади луѓе. Желбата за авантура и наредната година предвидува многу забава и незаборавни искуства.

SUP

Студената вода и веслањето на екстремно ниски температури се наметнуваат како новиот предзивик оваа зима. Светските тренд-сетери ги освојуваат ледените води на арктикот и северните мориња. Најупорните не се откажуваат од веслањето дури ни во зима. Иако времето е студено, сепак во зима водите знаат да бидат особено мирни и пријатни за веслње. Понатаму, веслањето во зима претставува комплетно ново, поинакво искуство од веслање во лето.

SUP

Ако северните мориња ви се чинат далечни, во нашата земја има мноштво дестинации кои се идеални за рекреација од ваков вид во зима.

Маврово е познато како најпопуларната ски-дестинација во Македонија. Покрај ски-стазите, Мавровското езеро е идеално за веслање или кајакарење. Па, ете одлична прилика да го искористите вашето зимување комбинирајќи ги овие спортови. За оние помалку екстремните, Охридското езеро нуди идеални услови. Зимата знае да ни понуди и сончеви денови кои одлично може да се искористат, доколку езерската вода остане мирна.

SUP

SUP рибарење, се очекува да прерасне во тренд во наредната година. Производителите на SUP даски се повеќе ги прилагодуваат новите модели да бидат соодветни за овој вид на рекреација. Комбинацијата на овие два спорта создава совршенство. Со помош на даска можете да одвеслате до средината на езерото каде ќе можете да ловите покрупен плен, а и самата веслачка сесија ќе ви биде поинтересна.

SUP

Од индустријата се очекува и подобрување кај моделите на дување. Оваа категорија SUP-ови може да се окарактеризира и како најпопуларна кај веслачите. Нивната компактност, лесна преносливост и практичност ги искачи на првото место во својата конкуренција. Секој авантурист би преферирал да поседува даска која може да ја спакува во својот ранец и да ја пренесе буквално каде сака. Со развојот на нови материјали веслањето на даска на дување ќе стане уште попријатно искуство. Даските ќе бидат поиздржливи и уште поедноставни за одржување.

Јога на SUP е уште едена одлична комбинација. Во насока на градење на здрав начин на живот јогата е неизбежен елемент. Па, замислете ја комбинацијата на совршени мирни утра поминати на некоја водена површина практикувајќи јога. Пружете му на телото и на умот вистински божествен третман.

SUP

SUP

SUP или кајакрење се одличен начин да останете fit и оваа зима. Студеното време не треба да ве обесхрабри. Напротив, облечете се топло, подгответе ја опремата и правец #НаВода!

Доколку се уште немате ваква „играчка“ во својата колекција, можеби сега е вистинското време да се почестите со нов SUP или кајак од понудата на BIC Sport Macedonia. Искористете го новогодишниот попуст на сите кајаци и SUP даски до 25% и можноста за плаќање на рати! За повеќе информации обратете се тука!

Related Posts

Leave a Comment

веслање